+389 2 3083 200 | contact@lagermax.com.mk
lagermax-brands

За Лагермакс

Лагермакс Скопје има повеќе-децениско искуство во работењето со лежишта од сите индустрии. Постоиме од 1995-та година и во моментов имаме пет вработени.

Наша основна дејност е застапување и дистрибуција на производи од програмата на Schaeffler Group од Германија. Ова ги вклучува брендовите INA и FAG. Имаме константна локална понуда на производи која се оддржува и расте, и е тука за поефикасно и брзо снабдување на клиентите.

Лагермакс исто специјализира и во областа на специјалните лежишта кои се испорачуваат од разни производители од целиот свет, и се за клиенти со специјални потреби.

Ние сме ви на располагање за да ви помогнеме да го задвижите вашиот свет.

Понуда

Примарна функција на Лагермакс е застапување и дистрибуирање на производи од Schaeffler групацијата. Тука се брендовите FAG и INA, како лежиштата на Timken и Nachi.
За овие лежишта обезбедуваме и 24-часовна техничка поддршка.

Особено сме специјализирани за набавување и испорака на специјални лежишта за клиенти со специјални потреби и лежишта кои веќе не се произведуваат.

Главен акцент на продажбата е во рамките на индустриските лежишта каде FAG Германија го држи лидерското место ов однос на квалитетот.

Производи:

  • Лежишта
  • Семеринзи
  • Куќишта
  • Масти
  • Професионални алати за монтажа

Индустрии:

  • Автомобилска
  • Рударска
  • Железарници
  • Топилници
  • Индустрија за производство на струја.
  • Итн.

Соработници

Лагермакс соработува со врвни светски производители на лежишта, кои имаат повеќевековно искуство.

FAG

Фридрих Фишер ја конструираше првата машина за обликување кугли во Швајнфурт, Германија, за прв пат беше возможно да се прават совршено овални кугли.

Оваа иновација се смета за основа на индустријата на лежишта, и поради ова ФАГ се смета за пионир во индустријата за тркалачки лежишта.

🌐 Веб-страница

SCHAEFFLER

Веќе со децении, FAG и ИНА се залагаат за креативни иновации, инженеринг и експертиза, како и одлични односи со клиентите. Др. Георг Шафлер, кој во 1949-тата година го конструираше првите игличести лежишта допринесе тие да имаат индустриски пробив. Таа иновативност е пренесена до денешен ден и е присатна во фабрикиte низ целиот свет.

TIMKEN

Тимкен постои од 1898-ма година, и е еден од најголемите производители на лежишта од Соединетите Американски Држави.

Основана е од Хенри Тимкен, кој го патентирал расклопливото лежиште.

Денес Тимкен е една од водечките светски производители со преку 26.000 соработници во 27 земји.

NACHI

Бизнисот со лежиштата Nachi започна со користење на врвни материјали направени од компанијата и со примена на експертиза за сечење и термичка обработка стекната од искуствоте со производство на алат за сечење. Како резултат на тоа, добени се лежишта за големи брзини и висока прецизност кои се издржливи и компактни. Користејќи ја сопствената технологија која постојано напредува, овие делови работат во автомобили, индустриски машини и опрема во разни други сектори. Каде и да погледнете, лежиштата на Nachi придонесуваат за подобра сигурност.

EICH

Eich е основан во 1915-тата година, како металопреработувачка работилница. Низ годините, Ајх прерасна во признаен светски производител и добавувач на индустриски специфични лежишта.

IKO

IKO Nippon Thompson континуирано е во првите редови на клучните случувања во областа на линеарното и ротационото движење. Уште од почетокот на компанијата во 1950 година, компанијата е посветена на индустријата со иновативни производи кои им помагаат на клиентите да развијат најсовремена опрема и машини. Препознаени како „експерти во движење“ го исполнија тоа очекување со повеќе од 70 патенти и многу значајни пресвртници низ годините.

Контактирајте со Лагермакс

Со Лагермакс можете да контактирате преку:

Телефон: +389 2 3083 200
FAX: +389 2 3083 203
e-mail (Општо): contact@lagermax.com.mk
e-mail (Продажба): sales@lagermax.com.mk

Адреса:
Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов 147
1000 Скопје
Македонија